• Иван Димовски

Во француската Лига 1 се одиграа натпревари од 21. коло. Единствено изненадување донекаде е ремито без погодоци на Лил и Клермон (0-0). Фаворитот на својот „Пјер Мороа“ не успеа да го скрши гостинот, иако имаше доста шанси на натпреварот.
- Лил - Клермонт 0-0:
Според планот одигра Олимпик Марсеј кој на гостувањето во Нант слави со 0-2 (0-0). Пресметката на „Стејд де Бужур“ мина во знакот на гостинската екипа, која заслужено ги освои трите бода. Првиот дел беше без погодоци, со доста прекини и остра игра. Резултатот беше отворен во 57. минута преку автоголот на Жоао Виктор. Во самата завршница на дуелот, ново засилување на Марсеј, Азедин Унахи само ја потврди победата (0-2).
- Нант - Олимпик Масеј 0-2:
На останатите натпреварит Ажаксио беше подобар од Анжер со 1-2, Ремс дома слави против Лориент во ефикасен меч со 4-2, како и Тулуз кој ја совлада Троа со 4-1.