ВИДЕО: Лил разочара на стартот против Рен

Екипата на Лил ги разочара своите фанови и на отворањето на новата сезона во Лига 1 одигра реми (1-1) со екипата на Рен.

  • Извештај од натпреварот:

Лил важеше за фаворит, ама потфрли. На мечот имаше само еден шут во рамки на голот и истиот го претвори во гол, наспроти Рен, кој притискаше и во самиот финиш имаше неколку сто отстотни шанси да дојде до триумф, ама голманот на домаќините правеше чуда.

Во 35. минута Рен остана со играч помалку затоа што исклучен беше Боеј, а во 40. минута бројчаната предност ја искористи Бамба, за предност на домашните. Пред крајот на првиот дел црвен картон доби и Мандава од Лил, па силите беа изедначени. Рен до реми дојде во 74. минута преку Да Силва.

Во првиот меч од сезоната во Лига 1, екипата на Анжер славеше кај Дижон (0-1).