Лил ги „одра“ Англичаните: Касата ја наполни со 160 милиони евра од премиерлигаши! 

Лил продолжува да прави неверојатни зделки на трансфер-пазарот ова лето. Само пет дена по продажбата на Ајуб Буади во Манчестер Сити за 95 милиони евра, францускиот клуб реализираше уште еден огромен трансфер со англиски клуб.

Новиот купувач е Њукасл, кој за Матијас Фернандез Пардо ќе плати 60 милиони евра, а сумата може да порасне и преку дополнителни бонуси. Њукасл првично понудил 45 милиони евра, но Лил ја одбил понудата и барал 70 милиони. Сепак, откако самиот Пардо изразил желба за трансфер, Французите се согласиле на 60 милиони евра.

Белгискиот напаѓач пред две години пристигна во Лил од Гент за само 11,5 милиони евра, а сега клубот прави огромна заработка.

Со продажбите на Буади, Пардо и Уго Рагубер, Лил ова лето веќе инкасираше фантастични 160 милиони евра од клубови од Англија. Капа долу за одличното тргување на францускиот клуб ова лето.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.