ВИДЕО: Лил направи голем чекор кон титулата и го зголеми притисокот врз ПСЖ

Бурак

Лидерот во Лига 1, екипата на Лил, ја зголеми предноста пред конкурентите со победата кај Ленс (0-3) во 36. коло.

Еден од кандидатите за највисок пласман одново се одлепи од ПСЖ и продолжи да го живее сонот за титула во домашното првенство. На денешното гостување имаше полесна задача поради црвениот картон на Мишелин уште во првиот дел.

  • Извештај од натпреварот:

Турчинот Јилмаз по само четири минути игра го „отвори“ ривалот. Тоа како да го шокираше домашниот тим, кој продолжи да игра нервозно. Тоа му донесе хендикеп да игра со човек помалку, по двата брзи жолти картони на дефанзивецот.

Истиот фудбалер беше заслужен за вториот погодок пред самата пауза. Тоа го отвори патот за ново лесно славје на Лил, кое во продолжението го потврди Давид.

ПСЖ утре игра кај Рен и нема право на грешка, ако сака да се надева на одбрана на титулата во францускиот шампионат.