ВИДЕО: Лил на искуство го „реши“ Нант и им се врати на победите во Лига 1

Екипата на Лил експресно го заборави ремито со Олимпик Марсеј во претходното коло и им се врати на победите во француската фудбалска елита.

Во рамки од 5. коло на Лига 1, фудбалерите на Лил ја оправдаа фаворитската улога која ја имаа пред стартот на натпреварот и со сигурни 2-0 славеа во дербито против Нант, кој со овој пораз само ги продолжи лошите игра на стартот на домашниот шампионат (два порази, две ремија и една победа).

  • Извештај од натпреварот:

Момците на Кристоф Галтиер уште од самиот почеток наметнаа силно темпо на игра и прашање на време беше кога ќе попушти гостинската одбрана. Тоа се случи во 43. минута, кога Палоис сакајќи да ја отстрани опасноста, несреќно си постигна автогол и донесе голема радост за домашните навивачи. 

Лил како да не беше задоволен од минималното водство и продолжи со исто темпо, кое на крај резултираше со нов погодок во гостинската мрежа. Овој пат погоди Јилмаз од пенал во 87. минута. 

Со оваа победа Лил повторно се искачи на лидерската позиција на табелата во Лига 1 со 11 бода (три победи и две реми средби), додека Нант со само пет бода е на 14. место.