• Горан Упале
По завршувањето на ждрепката за осминафиналната фаза во Лигата на Европа, познат е и патот до финалето. Шеснаесет екипи останаа во игра за завршниот натпревар во Истанбул, а веќе се познати и можните дуели во четвртфиналето.
Десната страна од костурот носи многу повеќе возбудувања, затоа што таму се екипи како Нотингем Форест, Астон Вила, Порто, Штутгарт, Рома, Лил...додека на левата се Лион, Бетис, Фрајбург...
Можни четвртфинални натпревари во ЛЕ:
Ференцварош – Брага против Панатинаикос – Бетис
Генк – Фрајбург против Селта Виго – Лион
Штутгарт – Порто против Нотингем Форест – Мидтјиланд
Болоња – Рома против Лил – Астон Вила
Натпреварите од осминафиналето се играат на 12 март, додека реванш дуелите се закажани за 19 март. Четвртфиналето е закажано за деветти и 16 април.





