ВИДЕО: Лил го доби Рен и се залепи со ПСЖ на врвот на Лига 1

Со победата на теренот на Рен, екипата на Лил се израмни со ПСЖ на врвот на табелата во Лига 1 по 21 одигран натпревар. Имено, составот од „Пјер Моруа“ извојува победа од 0-1, а голот вреден три бода го постигна засилување од Белгија, Давид  во 16. минута.

  • Рен - Лил 0-1: 

Со оваа победа ПСЖ и Лил се издвоија на врвот со по 45 освоени бода. Пет бода доцни Лион, но тимот на Руди Гарсија има натпревар помалку. 

Значајна домашна победа извојува Бордо, совладувајќи го Анжер со 2-1, со головите на корејскиот ас Хванг во првиот дел.

  • Бордо - Анжер 2-1: 

Рајмонд Доменек и Нант загубија на гостувањето кај Мец со 2-0, а со голот на Мбуку, Ремс го надигра Брест со 1-0. Без победник заврши натпреварот меѓу Дижон и Стразбур. 

Вечерва Сент-Етјен и Лион го играат соседното дерби и последниот натпревар во колото.