Лил го брани врвот, Марсеј бара приклучок кон местата за Европа

Лил во минатото коло киксна против Стразбур на свој терен (1-1), па ПСЖ му дојде на два бода заостанување. Сепак, Марсеј беше заслужен за тоа што на лидерот уште поблиску не му се доближи Лион, поради фактот дека двата тима на „Велодром“ одиграа реми (1-1).

Марсеј врза четири натпревари без победа (три ремија и победа), сосема солидно изгледаше во дербито со Лион, но нас уште не нè убеди дека е подготвен за големи дела. Поради тоа предноста во овој натпревар му ја даваме на лидерот, кој мора да докаже дека е способен да остане во трка за шампионскиот трофеј.

Сите квоти за натпреварот меѓу Лил и Олимпик Марсеј

Но, треба да имате на ум дека Лил не славел во последните три меѓусебни меча, додека првиот дуел на двата тима заврши со резултат 1-1. Лил на „Велодром“ испушти победа затоа што водеше со голот на Луис Араухо се до 85. минута, а потоа изедначи Валер Жермен.

Квоти за останатите натпревари од Лига 1

Како што кажавме, Лил ја добива предноста кога се говори за конечниот исход, па кецот е прв избор за типување на овој пар. Доколку не сакате да се обложувате на конечен исход, тогаш Mozzart предложува да пробате со голови (ГГ) затоа што гостите овој натпревар може да го направат доста интересен и непредвидлив.