• Редакција Gol.mk
Поранешниот првак на Франција, Лил, брзо пронајде замена за Паоло Фонсека, кој си замина по завршувањето на сезоната во Лига 1.
Францускиот фудбалски прволигаш Лил и официјално соопшти дека за нов тренер го ангажирал Бруно Женесио, со кој е потпишан двегодишен договор.
57-годишниот Женесио на клупата на Лил ќе го замени Фонсека, кој минатата сезона со клубот го освои четвртото место во француската Лига 1, што на Лил ќе му донесе настап во квалификациите за Лигата на шампиони.
Женесио остави длабока трага како тренер на Лион, каде работеше од 2015 до 2019 година, а потоа го водеше и Рен од 2021 до минатата година.