ВИДЕО: Лил без решение за шампионот, ПСЖ го сочува максималниот ефект во Лига 1 

Фудбалерите на Пари Сен Жермен и по три кола останаа максимални во новата сезона во Лига 1. Последниот натпревар од третата рунда во францускиот шампионат донесе многу возбудувања, како што се очекуваше, а на крај се радуваа момците на Луис Енрике кои извојуваа победа од  сигурни 1-3 (0-2).

Лил исто како и парижани имаше перфектен старт, во дербито влезе со шест бода, но вечерва немаше шанси против разиграниот шампион. ПСЖ задачата си ја заврши уште во првото полувреме, откако иднината на клубот за само три минути двапати ја стресоа домашната мрежа и обезбедија сигурна предност на својот тим.

Резултатот го отвори Витиња од пенал во 33. минута, додека Баркола на додавање на Асенсио погоди за 2-0. Во вториот дел ПСЖ очекувано се повлече и му ја препушти играта на противникот, кој успеа да постигне само еден гол, откако  Жегрова во 78. минута стрелаше за 1-2. Во самиот финиш Лил дополнително се отвори, но тоа отвори многу простор за брзите офанзивци на шампионот и Коло Муани во втората минута од продолжението ги постави конечните 1-3.

Во следното коло, кое е на програмата по две седмици, ПСЖ на свој терен ќе го пречка тимот на Брест, додека Лил гостува кај Сент Етјен.
 

Состави

Bruno Genesio

3-5-2

    Луис Енрике

    4-3-3