„Ликенс добил плик со пари за трансферот на Тричковски во Клуб Бриж“

Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски, во својата богата кариера настапуваше за бројни клубови во странство, а еден од најпопуларните дефинитивно е Клуб Бриж.

34-годишниот напаѓач по двегодишниот престој во АПОЕЛ, во 2012 година направи трансфер во еден од најголемите белгиски клубови, а токму неговиот премин во Бриж крена многу прашина во последните неколку денови. 

Имено, фудбалскиот агент Дејан Вељковиќ го обвини тогашниот тренер на Бриж, Жорж Ликенс дека добил пари во плик за трансферот на македонскиот напаѓач.

„Жорж Ликенс доби плик за трансфер од Иван Тричковски во Клуб Бриж“, изјави Вељковиќ.

Ликенс е обвинет дека примал мито за реализирање на неколку трансфери во минатото, а преку своите адвокати категорично ги негира сите вакви обвинувања.