Лигата на шампионите со новитет за следната сезона налик НФЛ

Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави дека од сезоната 2027/28 ќе воведе значајна промена во форматот на Лигата на шампионите. Новитетот се однесува на отворањето на натпреварувањето, кое ќе добие посебен медиумски и спортски третман.

Турнирот ќе започнува со натпревар во кој актуелниот шампион ќе го одигра својот прв меч на домашен терен, и тоа во издвоен, посебен термин. Овој воведен дуел ќе се игра во вторник навечер, пред останатите натпревари од првото коло кои ќе се распоредат на среда и четврток.

Со оваа промена, УЕФА има за цел да го зголеми медиумскиот интерес и да создаде поголем публицитет околу самиот старт на најпрестижното европско клупско натпреварување. Новиот концепт треба да го претвори првиот натпревар на бранителот на титулата во настан со глобална привлечност, слично како што тоа го прави Националната фудбалска лига (НФЛ) во Соединетите Американски Држави.

Во НФЛ, традицијата е првиот натпревар од сезоната да го игра шампионот на домашен терен, обично во четврток вечер, неколку дена пред останатите средби од првото коло. Со сличен модел, УЕФА сака да создаде атмосфера на спектакл и да ја нагласи симболиката на шампионскиот статус уште на самиот почеток на натпреварувањето.