ФОТО: Лигата на нации ќе се игра со нова топка од „Адидас“

Со денешниот дуел меѓу Казахстан и Грузија започнува новото натпреварвуање под капата на УЕФА - Лига на Нации. Куќата на европскиот фудбал денес ја промовираше официјалната топка која ќе се користи на натпреварите.

Креатор на оваа топка е Адидас, а дали таа ќе им се допадне на Горан Пандев и неговите соиграчи ќе видиме вечерва со почеток од 20:45 часот, кога ќе започне натпреварот меѓу Гибралтар и Македонија.