Лигата на нации донесе уште една „жртва“ на селекторската позиција!

Винченцо Монтела е пред заминување од селекторската позиција на Турција, откако лошите резултати во новото издание на Лигата на нациите го натераа тамошниот фудбалски сојуз да реагира.

Турција во последните две недели доживеа четири последователни порази, што се покажа како пресудно за италијанскиот стратег. Турците двапати загубија од Италија, а порази претрпеа и од Франција и Белгија.

Турските медиуми пренесуваат дека одлуката за прекин на соработката со Монтела веќе е донесена и се чека само официјалната потврда. Италијанецот ќе добие и обештетување од околу еден милион евра.

Монтела ја презеде Турција пред три години и во тој период успеа значително да ја подигне репрезентацијата. Под негово водство, Турција од Лигата Ц стигна до Лигата А во Лигата на нациите, а обезбеди и настап на Европското и Светското првенство.

Сепак, неуспехот на Мундијалот, каде што Турција не ја мина групната фаза, како и најновата серија од четири порази, го ставија Монтела под огромен притисок.

Инаку, пред една седмица и Бугарија остана без предводник, откако  Александар Димитров поднесе неотповиклива оставка по само двa натпревари. Промена на селекторската клупа имаше и во Грузија, откако отказ доби Вили Сењол.