ВИДЕО: Лигата на Европа потсети на волејот на Шиле против Зенит

Убавите времиња за Вардар се минато, тимот во моментов се соочува со криза и неизвесна иднина, а администраторите на Лигата на Европа решија да посетат на еден убав момент за „црвено-црниот“ тим.

Се работи за настапот на Вардар на гостински терен против Зенит и еден од головите кои тимот го постигна во најмасовното натпреварување на УЕФА. Вардар тогаш во Санкт Петербург загуби минимално (2-1), а Дејан Блажевски беше еден од стрелците.

Популарниот Шиле биеше по една нафрлена топка со волеј и погоди, а тоа беше вториот гол за Вардар во групите на Лигата на Европа, по погодокот на Хуан Фелиле против Розенборг. Вардар е првиот клуб од Македонија кој играл во групите на едно натпреварување на УЕФА.