Лига на нации: Македонија во група со Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар

Денес во Лозана, УЕФА ја изврши првата ждрепка за Лигата на нации, ново натпреварување кое ќе почне следната есен и кое е замена за пријателските натпревари на стариот континент. Исто така ќе претставува втор филтер за место на Европското првенство во 2020 година, на турнирот кој ќе се одржи низ цела Европа.

Македонија која беше носител во Д групата воочи квалификациите од рацете на Белорусинот, Александр Хлеб за противник ги доби Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар. Само првопласираната селекција ги продолжува натпреварите во пролетта 2019 година. 

Македонија на ждрепката ја претставуваа селекторот Игор Ангеловски и спортскиот директор Саша Ќириќ. Групната фаза на Лигата на нации ќе почне на 6-8 септември 2018 година, а ќе заврши со завршните полуфинални и финални натпревари од 5-9 јуни 2019 година.