Лига 1 трансфери: Лил комплетно се распродаде, ПСЖ и Ница најзасилени

Најголемата победа на францускиот клупски фудбал ова лето е останувањето на Килијан Мбапе во ПСЖ, иако долго време траеше кокетирањето со Реал Мадрид. Напаѓачот сепак го продолжи договорот со „светците“, кои околу него ќе го градат проектот. Галтие ја напушти Ница и го зазеде местото на Почетино на клупата на гигантот од главниот град. ПСЖ се засили со неколку функционално и млади фудбалери, но не и со ѕвезди.

Лион потпиша со Таљафико и ги врати Толисо и Лаказет, но најголема победа ќе биде ако ги задржи Ауар и Пакета. Изненадувачки добар преоден рок оствари Ница (Шмајхел и Ремзи), а шампионскиот Лил комплетно се распродаде (Бурак Јилмаз, Ренато Санчез, Свен Ботман).

ПСЖ
Дојдоа: Витиња (Порто), Нуно Мендеш (Спортинг), Ренато Санчез (Лил), Норди Мукиеле (РБ Лајпциг), Хуго Екитике (Ремс), Пабло Сарабија (Спортинг)

Заминаа: Алфонс Ареола (Вест Хем), Марсин Булка (Ница), Анхел Ди Марија (Јувентус), Чави Симонс (ПСВ Ајндховен), Колин Дагба (Стразбур)

Олимпик Марсеј
Дојдоа: Пау Лопез (Рома), Матео Гендузи (Арсенал), Луис Суарез (Гранада), Ченгиз Ундер (Рома), Чансел Мбемба (Порто), Рубен Бланко (Селта), Џордан Амави (Ница), Нуно Тавареш (Арсенал)

Заминаа: Стив Манданда (Рен), Бубакар Камара (Астон Вила), Немања Радоњиќ (Торино), Луан Перес (Фенербахче), Луис Енрике (Ботафого)

Лион
Дојдоа: Николас Таљафико (Ајакс), Александер Лаказет (Арсенал), Корентин Толисо (Баерн), Џонатан Лепенант (Каен)

Заминаа: Лео Дубуа (Галатасарај), Пепе Шеик (Арис), Џејсон Денајер 

Монако
Дојдоа: Такуми Минамино (Ливерпул), Брел Емболо (Борусија Менхенгладбах), Томас Дидилон (Серкл Бриж)

Заминаа: Орелион Чуамени (Реал Мадрид), Стграхиња Павловиќ (Салцбург), Пјетро Пелегри (Торино), Цеск Фабрегас (Комо), Џибрил Сидибе, Вито Маноне

Ница
Дојдоа: Матиа Вити (Емполи), Арон Ремзи (Јувентус), Каспер Шмајхел (Лестер Сити), Марсин Булка (ПСЖ), Рарес Илие (Рапид Букурешт)

Заминаа: Валтер Бенитез (ПСВ Ајндховен), Енди Пелмард (Базел)

Лил
Дојдоа: Мохамед Бајо (Клермонт), Александро (Чавес), Јонас Мартин (Рен), Исмаили (Шахтјор)

Заминаа: Свен Ботман (Њукасл), Ренато Санчез (ПСЖ), Зеки Челик (Рома), Домагој Брадариќ (Салернитана), Бурак Јилмаз (Фортуна Ситард), Хатем Бен Арфа

Рен
Дојдоа: Артур Теате (Болоња), Стив Манданда (Олимпик Марсеј), Џое Родон (Тотенхем)

Заминаа: Матис Тел (Баерн), Најеф Агуерд (Вест Хем), Јонас Мартин (Лил), Енди Диуф (Базел) 

Секој друг исход освен титула за ПСЖ ќе биде сензација. Од старт со проблеми се соочува Тудор во Марсеј, по долги години се врати Оксер, а легендарниот Бордо сезонава нема да игра во Лига 1.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.