ВИДЕО: Лидс во солзи, Дерби ќе ја предизвика Астон Вила за влез во ПЛ

Екипата на Лидс Јунајтед не успеа во мисијата да ја мине првата пречка во плеј-офот и тимот на Дерби Каунти е тој што ќе разигрува за пласман во Премиер лигата. Составот на Френк Лампард славеше со 2-4 во „домот“ на Лидс и приреди изненадување.

  • Извештај од натпреварот:

Екипата на Биелса имаше предност од еден погодок од првата средба, но не успеа да ја одбрани. Дерби одигра одличен натпревар, а голем проблем направи црвениот картон на Берарди во 78. минута. На овој меч не настапи нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, поради повреда.

Дуелот тргна според планот за Лидс, затоа што во 24. минута Далас погоди за 1-0. Пред финишот на првиот дел, Мериот изедначи на 1-1, а потоа следеа два гола на Маунт и Вилсон, во 46. и 58. минута, за шок на Лидс и предност на Дерби од 1-3. Во 62. минута Далас ги врати надежите за продолжение, а голот вреден злато за тимот на Лампард падна во 85. минута и го постигна Мериот.

Ривал на Дерби за пласман во Премиер лигата ќе биде екипата на Астон Вила. Дуелот за влез во елитата ќе се игра на стадионот „Вембли“.