Лидс во Шпанија ја пронајде замената за Алиоски

Алиоски Езџан

Еден од најславните англиски клубови, Лидс Јунајтед имаше фантастична сезона во Премиер лигата и како новајлија во елитата направи голем успех и заврши на деветтата позиција на табелата. 

Покрај архитектот на овој успех, менаџерот Марсело Биелса, како и одличните Бамфорд и Филипс, важна улога во тимот од Јоркшир имаше и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски. Неуморниот лев бек ги одигра речиси сите натпревари во Премиер лигата (36) и имаше неколку забележителни настапи, но и покрај тоа раководството на Лидс сè уште тактизира и многу веројатно Алиоски по 30 јуни нема повеќе да биде член на тимот од „Еланд Роуд“.

Наводно, за нова соработка постои интерес од двете страни, но клубот не сака да ги прифати барањата на својот првотимец, па по четири години нашиот репрезентативец е пред разделба со Лидс.

Според локалните медиуми челните лица на премиерлигашот веќе ја пикирале можната замена за Алиоски, која што би дошла од Шпанија. Се работи за десниот бек на Уеска, Хави Галан.