ВИДЕО: Лидс со несреќен пораз од аутсајдерот Виган го препушти врвот на ВБА

Фудбалерите на Лидс Јунајтед загубија на домашен терен од Виган Атлетик со минимални 0-1, иако тимот на нашиот Алиоски целосно доминираше во средбата. Екипата од „Еланд Роуд“ имаше неверојатни 75% посед на топка и апсолутно беше подобар во сите сегменти на играта. Езџан Алиоски настапи за својот тим од првата минута, а по нешто повеќе од еден час игра беше заменет. 

  • Извештај од натпреварот: 

Во првиот дел сликата на теренот беше јасна, а Лидс напаѓаше и креираше шанси, но недостигаше завршница. До паузата Виган одлично се бранеше и никако не му дозволуваше на противникот да дојде до реализација. 

Среќните гости дојдоа до одлучувачкиот погодок во 59. минута. При добро изведен корнер, играчот за врска Пабло Хернандез со глава ја затресе својата мрежа за огромна радост на Виган. До крајот Лидс ги фрли сите карта напад, но голманот Маршал бранеше одлично. Во самиот финиш, конечно се случи кикс на чуварот на мрежата на Виган, кога излета од линијата, па дличен удар упати Бамфорд, а противничкиот стопер спречи израмнување од самата гол линија во 95. минута. 

Со овој пораз Лидс и Алиоски му ја препуштија челната позиција на Славен Билиќ, кој со ВБА славеше со 2-0 над Лутон.