Лидс размислува да ја поправи грешката и да го врати Езџан Алиоски?

Алиоски

Езџан Алиоски изненадувачки е опција за Лидс Јунајтед. Македонскиот репрезентативец е слободен агент и би можел да направи кам-бек во Премиер лигата.

Тимот од „Еланд Роуд“ не ги прифати условите за нов договор, па се раздели со 30-годишникот минатото лето. Тогаш популарниот Џани потпиша со Ал-Ахли од Саудиска Арабија, каде ја заврши авантурата ова лето. Фановите, а и неколку англиски новинари, сметаат дека правилен потег во овој момент е Лидс да го врати нашиот интернационалец. Неговиот талент да покрие неколку позиции на теренот би можел да му овозможи трансфер назад на познато место.

Алиоски е мета и на Трабзонспор, кој подолг период е во преговори да го доведе во своите редови.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.