Лидс ќе испрати понуда за „отпишаниот“ капитен на Рома

Лидс Јунајтед по пауза од 16 години се врати во Премиер лигата и следната сезона Езџан Алиоски ќе има можност да заигра во елитното друштво на Англија

Откако беше заверен пласманот, веднаш стана јасно дека Лидс не планира лесно да се врати во Чемпионшип, па со клубот се поврзуваа бројни имиња. По Кавани и Ибрахимовиќ, на радарот од оваа екипа се најде и поранешниот капитен на Рома, Алесандро Флоренци

Десниот бек кој прелесно и неочекувано беше отпишан во Рим, мина полусезона на позајмица во Валенсија, но се врати по крајот на сезоната. Сепак, очигледно за него нема место на „Олимпико“, па е во потрага по нова средина. 

За услугите на Флоренци, според угледниот „Атлетик“, Лидс ќе мора да исплати околу 18 милиони евра. Италијанецот би бил одлично засилување за тимот предводен од Биелса, а со сигурност нема да биде единственото име кое ќе се поврзува или ќе пристигне на „Елан Роуд“. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.