ВИДЕО: Лидс игра магично - супер акција и првенец сезонава на Алиоски!

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски возврати на довербата на Марсело Биелса и го запиша првиот гол во новата сезона на Чемпионшип. Во натпреварот против Стоук, екипата на Лидс Јунајтед веќе има водство од 0-3, а голот за зголемување на водството на 0-2 беше дело на нашиот репрезентативец.

Бившиот фудбалер на Лугано круниса една прекрасна акција во 50. минута и погоди за 0-2. Нашиот фудбалер се најде на вистинското место и ја втурна топката од петте метри во небранетата мрежа. 

  • Голот на Езџан Алиоски за Лидс:

Претходно во првиот дел гол за водство на Лидс Јунајтед постигна Далас Стјуард, а потоа и по третрпат се тресеше мрежата на домаќините, благодарение на Бамфорд.