ВИДЕО: Лидс и Алоски го средија Виган и се вратија на чело во Чемпионшип!

По ремито против Нотингем Форест, фудбалерите на Лидс Јунајтед експресно им се вратија на победите во Чемпионшиоп и со сигурна игра и преку пресврт славеа на гостувањето кај Виган со 1-2. 

Со овие три бода, тимот предводен од легендарниот Марсело Биелса и со нашиот репрезентативец Езџан Алиоски од првата минута, се врати на челната позиција на табелата со 30 бода, исто колку и второпласираниот Норвич. 

Иако домаќините беа тие кои го отворија резултатот со погодок на Џејмс, Лидс уште во истата минута се врати во игра и преку искусниот Пабло Хернандез израмни на 1-1, додека пресвртот го комплетира Рофе за конечни 1-2. Алиоски ги одигра сите 90. минути и беше еден од најдобрите поединци во таборот на тимот од Јоркшир. 

Во следното коло Лидс гостува кај големиот ривал ВБА, а Виган излезе од мини-кризата ќе брка кај Мидлсброу