Лидс и Алиоски добија дозвола за тренинг, се враќаат по 25 мај

Екипите од Чемпионшип лигата добија дозвола да се вратат на тренинзите од 25 мај. 

Оваа одлука го засега нашиот репрезентативец Езџан Алиоски кој настапува во дресот на Лидс Јунајтед, а клубот ја поддржа иницијативата на челните луѓе од лигата. 

Секако на тренинзите ќе мора да се одржува социјална дистанца која е предвидена како дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот и ќе се работи под посебни протоколи. 

Сè уште се очекува датум кога фудбалот во Англија ќе се врати на терените, а од власта организациите добија „зелено светло“ да започнат со натпревари од први јуни. Иако е можно да се исполнат условите, третиот и четвртиот ранг натпреварувања би можеле да се прекинат, бидејќи клубовите со празни трибини би немале речиси никакви приходи.

Дополнително на тоа, ќе мора да ги исплатат играчите кои ќе останат по 30 јуни, а требало да го напуштат клубот.