ФОТО: Лидс го промени клупскиот грб и предизвика голем гнев кај навивачите!

Посвозрасните љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на неколкуте фантастични генерации на Лидс Јунајтед, кои не само во Англија туку беа на врвот и во Европа, но пред повеќе од десет години овој клуб доживеа неочекуван пад, по кој сè уште не може да се соземе. 

Тимот од „Еланд Роуд“ веќе години наназад е дел од Чемпионшип лигата и грчевито се бори да успее повторно да се врати во елитата на англискиот фудбал, но скоро секогаш кон финишот од сезона испаѓа од игра. Денес Лидс, повторно е во центарот на вниманието кај англиската јавност, но не поради резултатите, туку заради одлуката на раководството да го промени клупскиот грб. 

Легендарниот грб на овој клуб замина во историја, а новиот предизвика лавина на реакции кај многубројните фанови. Навивачите бараат по брза постапка да се врати стариот грб, бидејќи новиот изгледа смешно и не е достоен да биде на дресот на еден од најголемите фудбалски клубови во историјата на Англија.

Најупорните веќе започнаа петиција за враќање на стариот грб, кој е симбол на овој клуб. Инаку, од оваа оваа сезона дресот на овој легендарен клуб го носи македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски