ВИДЕО: Лидс декласиран на „Риверсајд“, Алиоски одигра едно полувреме

Мидсбрoу го декласира Лидс Јунајтед со 3-0 (2-0) и со пеколно прво полувреме запишаа значајни три бода во 35. коло на Чемпионшап. Овој пораз го закова тимот од „Еланд Роуд“ на средина од табелата со многу мали шанси за место во плеј-офот.  

Езџан Алиоски одигра 45 минути, а на полувреме беше заменет од Адам Форшоу. Главна ѕвезда на натпреварот беше Патрик Бамфорд, кој постигна хет-трик, со два гола во првиот и еден во вториот дел.

Во следното коло екипата на Алиоски го пречекува Вулверхемптон Вондерерс на „Еланд роуд“.