ВИДЕО: Лидс без Алиоски го совлада Дерби и е на чекор од финале за враќање во Премиер лигата

Фудбалерите на Лидс Јунајтед во првиот меч од плеј-офот во Чемпионшим дивизијата го совладаа тимот на Дерби Каунти со 0-1 и се доближија до финалниот меч за враќање во Премиер лигата.

Во тимот на Лидс на денешниот натпревар не настапи нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, кој ја заврши сезоната поради повреда. Стрелец на победоносниот погодок зa Лидс Јунајтед беше Кемар Руф во 55. минута, кој рутински погоди по одличната акција на гостите. За добрата игра на избраниците на Марсело Биелса говори и фактот дека избраниците на Френк Лампард немаа ниту еден директен удар кон голот на гостите. 

  • Голот за победа на Лидс од 0-1:

Реванш натпреварот меѓу Лидс и Дерби се игра на 15 мај. Во вториот полуфинален натпревар играат Астон Вила и Вест Бромвич Албион, а од првиот меч фудбалерите на Вила имаат предност од 2-1.