Баерн Минхен извојува уште една победа над Пари Сен Жермен и заслужено се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампионите. По триумфот во Париз (0-1), синоќа на „Алијанц Арена“ баварскиот тим славеше со 2-0, но натпреварот можеше да замине во друг правец, доколку „светците“ ја искористеа грешката на домашниот голман Јан Зомер.