Екипата на Тотенхем го забележа првиот пораз во новата сезона на Премиер лигата. По трите победи на стартот, од кои една над актуелниот шампион, новиот менаџер на „петлите“, Нуно Еспирито Санто беше прогласен за најдобар менаџер во Премиер за месец август. Но, само еден ден по примањето на наградата, неговиот тим потклекна пред градскиот ривал Кристал Палас со убедливо 3-0 (0-0).