Во рамките на 29. коло од ПМФЛ, на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, прилепска Победа како домаќин го пречека тимот на Шкупи и на крајот запиша нов пораз (0-3). По денешниот нов неуспех, тимот од Прилеп веќе 15 натпревари не знае за триумф, во кои има само три реми исходи и се посигурно е дека од следната сезона ќе биде дел од Втората лига.