Аргентинскиот напаѓач, Диего Милито во едно интервју во својата родна земја се наврати на сезоната 2009/10, кога заедно со нашиот Горан Пандев и Интер стигна до трофејот во Лигата на Шампионите. Тоа беше година за паметење за „нероазурите“ во која ја освоија тројната круна, титулите во ЛШ, Серија А и Копа Италија.