Веќе подолг период Џиџи Буфон суверено го чува голот на Јувентус, а во својата богата кариера му недостига само уште еден трофеј, оној од Лигата на шампионите. Легендарниот италијански голман на 3 јуни ќе има шанса да го освои најпрестижнот клупски фудбалски трофеј, а Тибо Куртоа, голманот на Челзи, смета дека во тоа финале Буфон ќе излезе победник во дуелите со напаѓачите на Реал Мадрид.