Барселона загуби и во второто сезонско „Ел Класико“, а Реал со нови три бода се искачи на врвот во Примера каде ќе биде барем до утре. Ниту овојпат протагонистите на теренот не потфрлија, шанси, три голови, стативи, драма и тензија го красеа и ова големо шпанско дерби.