Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски одржа „чиста мрежа“ во дуелот против Хетафе (0-0), во рамките на деветтото коло на шпанската Примера. Кумановчанецот првпат по 13 август и блескавиот натпревар со Барселона запиша натпревар без примен погодок, но и покрај тоа неговиот тим не успеа да дојде до победата.