Стефан Ристовски, десниот бек на Спортинг Лисабон, по натпреварот против Австрија (1-4) застана пред новинарите и го анализираше мечот. Фудбалерот истакна дека ова е голем пораз за Македонија и потенцира дека мора да се извлече поуки од него, во спротивно ќе биде тешко да се оствари зацртаната цел, а тоа е пласман на едно Европско првенство.