По победата на стартот против Челзи, „македонскиот“ Динамо немаше сили за нова сензација и на „Сан Сиро“ во Милано загуби од првакот на Италија со 3-1. Македонските интернационалци Адеми и Ристовски имаа уникатно искуство да играат против седукратниот европски шампион, Милан, кој со еден гол во првото и два во второто, заслужено стигна до трите бода.