Брентфорд озбилно се закани по паузата, ги доби сите четири меча и тоа без примен погодок, но Вест Бромвич Албион и Лидс пред прекинот стекнаа, се чини, доволна залиха за во финишот мирно да ја приведат трката кон крај и да се пласираат во Премиер лигата. Тимот од „Еланд Роуд“ има бод повеќе од составот на Славен Билиќ, но екипата од „Хоторнс“ во последно време покажува карактеристики на кандидат за елитата.