Македонската фудбалска селекција од 21 година вечерва ќе го одигра својот последен натпревар во дебитантскиот наста на Европското првенство во Полска. Нашите момци силите ќе ги одмерат со моќната Португалија, а воочи овој дуел напаѓачот на Брага, Рикардо Орта вели дека пред нив имаат силен противник, но ќе се обидат да го неутрализираат и да извојуваат висока победа која може да им донесe полуфинале.