Фудбалерите на Реал Мадрид го добија гостинскиот дуел кај Хуеска со 1-2 (0-0), во рамките на 22. коло од шпанската Примера. По прв дел без погодоци, домаќинот изненади и поведе на стартот од вториот, но два погодоци на Рафаел Варан донесоа три бода за „кралевите“.