Лидерот во шпанска Примера, Барселона, забележа тешка победа над Осасуна од 1-2, но натпреварот на стадионот „Ел Садар“ во Памплона го одбележаа црвените картони на гостинските фудбалери Роберт Левандовски и Жерар Пике. Полскиот напаѓач ќе биде строго казнет поради неговите зборови, додека Пике се извлече со пензионирање.