Салах, Мане и Фирмино е триото од кое се плаши секоја одбрана во Европа, но клучните голови сезонава ги постигнува Дивок Ориги. Беглиецот, кој сезонава се врати од позајмица во Волфсбург, неколку пати го спаси својот тим и со победнички гол ја носи пред портите на една или две титули сезонава.