Македонскиот фудбалски шампион, Вардар, в четврток ќе ги продолжи настапите во најмасовнато клупско натпреварување на УЕФА, Лига Европа. Во Скопје ќе гостува шпанскиот претставник, Реал Сосиедад, кој по првите две кола има скор од една победа и еден пораз.