Нејмар

Нејмар
  • Барса ја заврши годината со старите добри победнички навики

    Фудбалерите на Барселона ја завршија годината онака како што ја започнаа. Го совладаа Бетис со 4-0 (2-0) и се вратија на првата позиција во шпанската Примера, дури и со натпревар помалку. Светскиот првак со скоро најсилниот тим го одбележа 500. натпревар на Лео Меси во професионалниот фудбал, славеникот се запиша меѓу стрелците.

  • Барса ќе му понуди тројно поголема плата на Нејмар

    Барселона ќе направи радикален потег и веројатно во иднина ќе му даде статус на прва звезда на Бразилецот Нејмар.    Бразилецот ќе добива скоро 30 милиони евра по сезона, ако потпише нов договор со европскиот првак. Ако дојде до таков договор тоа значи речиси трикратно зголемување на платата на напаѓачот.   Нејмар би станал втор со најголема плата во составот по Лео Меси. Ако се согласи бившиот фудбалер на Сантос ќе остане во Барселона до 2021 година.  

  • Барса одбива да му го плати бонусот на бразилски Сантос

    Славниот бразилски клуб Сантос излезе со официјална изјава и ја обвини Барселона дека одбива да го плати бонусот кој е запишан во договорот на Нејмар. Имено кога напаѓачот потпиша во Шпанија, во договорот се најде специјална клаузула дека ако се најде во тројката на претендентите за „Златната топка", Барса треба да плати уште два милиони евра.   Додека не се расчисти спорот меѓу клубовите за вредноста на трансферот на бразилскиот напаѓач, каталонците не се подготвени да исплаќаат бонуси. За решавање на ова прашање Сантос дури може и да се обрати до ФИФА. 

  • Нејмар не игра до крајот на Мундијалот за клубови

    Бразилецот Нејмар го пропушти и вториот тренинг на Барселона пред светското клубско првенство во фудбал, кое се одржува во Јапонија. Напаѓачот нема да игра за европскиот шампион, в четврток против Гуангжу Евергранде од Кина во натпревар од полуфиналето.

  • Барселона го одржа својот прв тренинг во Јапонија

    По авионскиот лет кој траеше 13 часа, фудбалерите на Барселона, уживаа во својот прв ден во Јокохама, Јапонија. Откако се сместија во хотелот, фудбалерите на Барса, го одработија својот прв закажан тренинг, пред дуелот од полуфиналето против кинескиот Гуангжу Евергранде, кој е закажан за четврток, 17. декември.

  • Нејмар и Рафиња се потсетија на детството

    Екипата на Барселона одигра разочарувачки натпревар против Депортиво Ла Коруња, играјќи нерешено 2-2, откако прокоцкаа водство од 2-0.

  • Нејмар полесно повреден, не игра во Леверкузен

    Фудбалерот кој игра во најдобра форма во дресот на лидерот во шпанската лига и актуелен европски првак, Барселона, Нејмар, синоќа го напушти последниот тренинг на Барселона на „Баер арената“ во Леверкузен. Бразилецот почувствувал болка во препоните и веднаш отиде во соблекувалната, каде што беше прегледан од клупските доктори. 

  • Нејмар сепак е во нешто пред Меси

    Бразилскиот фудбалер во редовите на Барселона, Нејмар е избран за играч на месец ноември во Ла Лига. Интересен е фактот што Меси никогаш не бил избран за играч на месецот во шпанскиот шампионат. Па така, Нејмар може да се пофали дека има награда, која никогаш не ја добил неговиот клупски колега. 

  • ФИФА ги одреди финалистите во изборот „Златна топка“

    Лионел Меси, Нејмар и Кристијано Роналдо влегоа во тесниот круг за престижното фудбалско признание „Златна топка“. Напаѓачката двојка на мајстори на Барселона и најдобриот играч на Реал Мадрид, на 11. јануари во Цирих, ќе се најдат на подиумот, кога ќе биде прогласен најдобриот играч во светот. Меѓу Пеп Гвардиола, Луис Енрике и Хорхе Сампаоли ќе се бира тренерот на годината. 

  • Иско: Не сум горд на фаулот врз Нејмар

    Шпанскиот интернационалец во редовите на Реал Мадрид, Иско изјави дека се кае за црвениот картон на дуелот со Барселона, што ќе го оддалечи од терените наредните два натпревари.  По победата над Шахтар, тој изјави дека таквите моменти се несвојствени за него.

  • Каталонците го обоија „Ел Класико“ и ги натераа домашните навивачи да ги извадат шамивчињата

    Барселона го декласираше Реал Мадрид во 263 „Ел Класико“, кое се одигра во рамките на 12. коло на шпанската Ла Лига . На „Сантијаго Бернабеу“, Барса славеше со 4-0 и на табелата сега има шест бодови повеќе од Реал. 

  • Нејмар му понуди дрес, судијата одговори: „Не, благодарам“

    Несекојдневна ситуација се случи по натпреварот помеѓу Бразил и Перу (3-0). Имено, една од најголемите фудбалски звезди на планетата, Бразилецот Нејмар, беше посрамотен од страна на судијата. Тој по завршувањето на натпреварот го понуди својот дрес на главниот судија, кој постапи професионално и го одби.

Pages