Празниот период и недостатокот од тренинзи и натпревари, врвните евроски клубови го користат за планирање на следната сезона и ревидирање на договорите. Според мадридските спортски весници, играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, целосно ќе го испочитува својот договор со кралскиот клуб, потпишан со важност до летото 2021 година.