Откако коронавирусот сериозно завладеа во првиот тим, Астон Вила реши против Ливерпул во ФА Купот да се соочи со јуниорскиот тим. На „Вила Парк“ истрчаа момчиња од по 16, 17 години, кои никогаш досега не играле професионален фудбал, а колку се млади најдобро се рефлектира со споредбата со првотимецот на „црвените“, Џејмс Милнер.