Најбараниот лев бек на фудбалскиот пазар оваа зима, Лукас Дињ и официјално стана нов играч на Астон Вила. Иако клубот од „Вила Парк“ за потписот на францускиот бек имаше конкуренција од сериозни „играчи“ како Челзи, Вест Хем и Њукасл, на крај со триесет милиони евра обештетување успеа да ја добие оваа битка.