По Мане и Бензема, уште еден напаѓач ризикува да го откаже настапот на Светското првенство во Катар. Сепак, првите вести од белгискиот камп во Доха утрово не се така „црни“ и се предвидува дека Ромелу Лукаку нема да биде подготвен за првиот натпревар против Канада и вториот против Мароко, но ќе биде подготвен за подоцнежниот тек на Мундијалот, ако Белгија ја мине групната фаза.