Атлетико Мадрид одигра нетипично офанзивен натпревар и запиша „петарда“ против Гранада за триумф од 6-1 (1-0) во својата прва средба од новата сезона на Примера. Момците на Чоло Симеоне одиграа допадлив фудбал и супер-атрактивно второ полувреме, а новото засилување од Барселона, Луис Суарез дебитираше со два гола на „Ванда Метрополитано“.