Екипата на Баерн Минхен ја продолжи доминацијата и по осми пат во низа е шампион во домашниот шампионат. Баварците, иако не така доминантно како во претходните сезони, ги надминаа проблемите со кои се соочуваа на стартот од сезоната, го променија тренерот и пак се искачија на врвот во Бундеслигата.